Успешна конфронтација според Simon Sinek

Многу луѓе се плашат од директна конфронтација со околината. Токму затоа, ретко кога се одлучуваат отворено да искомуницираат во случаите кога нивните граници за прифатливо однесување, комуникација и почит се нарушени. Или пак, кога го прават тоа, пристапуваат агресивно или спротивно, од улога на жртва. И двата начини се неефикасни.

This image has an empty alt attribute; its file name is image-1-1.png

За ефикасна конфонтација, Simon Sinek наведува 3 најважни елементи во комуникацијата. Нивниот редослед не е битен, но мора сите да се присутни:

1. Опишете точно како сe чувстувате (без заобиколување, круто и недоволно објаснување или маскирање на чувствата).

2. Наведете го конкретното однесување на другата личност поради кое се чувствувате така (без дополнителни генерализации и поврзување со други ситуации).

3. Кажете кои се потенцијалните последици и влијание од тоа однесување врз вашиот однос.

Како другата личност ќе реагира, одбрамбено или со разбирање, е нивна одговорност, а не ваша. Вашата одговорност е асертивно да ја искомуницирате вашата перспектива на нештата. Не секому му доаѓа да го стори ова природно, а уште помалку во стил кој е директен, епатичен и со почит кон себе и другата страна. Сепак, со едуцитање и вежбање на комуникациски техники и вештини, вашата самодоверба во комуникацијата ќе се зголемува, а со тоа и задоволството од контактот со околината.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.