Успешна визуелизација на цели според Gabriele Oettingen

Gabriele Oettingen, германски психолог и истражувач на мотивацијата и постигнувањата кај луѓето, ја испитува подетално визуелизацијата како техника, со цел да да им помогне на луѓето во постигнувањето на своите цели. Досега, со својот тим, спровела голем број на експерименти. Според нивните резултати од испитувањата, за да се реализира посакуванот резултат, потребно е да се осмисли јасен и детален план како да се стигне до резултатите, вклучувајќи ги можните пречки и нивните решенија.

Според Oettingen, патот до успехот преку визуелизација е потребно да се спроведе во неколку клучни чекори:

Желба, цел или решавање на проблем –  Најпрво, поставете си една значајна желба, цел до која сакате да стигнете или пак решение на некој проблем.

Резултат – Размислете и замислете си што е најдоброто нешто поврзано со исполнуањето на вашата желба, постигнувањето на  целта или решавањето на проблемот. Замислете ги колку што е возможно подетално и живо тоа што го посакувате. Одвојте доволно време за тоа.

Пречки на патот – Размислете кои би биле можните пречки или тешкотии кои може да се испречат на патот или да го успорат процесот. Кои мисли, чувства, начин на однесување, навики или шеми на размислување може да се јават. Еден пример за тешкотија или пречка може да биде недостатокот на вештини.

Изберете една пречка – Најдобро е да се почне со најрелевантната внатрешна пречка. Живописно и детално замислете си како пречката ве спречува на патот.

Направете план – Направете план кој вклучува – ако се случи тоа.. тогаш јас ќе (мисла или однесување)… повторете го ова колку што е потребно.

Секоја желба или план многу лесно би можеле да го оствариме доколку не би постоеле внатрешни или надоворешни пречки. Да не беше така, секоја една личност би ги остварувала лесно и едноставно своите соништа и желби. Техниката на Oettinger не е наменета за да нè демотивира или да го стави целиот наш фокус на проблемите на патот до успехот. Техниката, всушност, има за цeл да ни го подготви теренот и да ни ги зајакне снагите за моментите кога (во секој случај) ќе дојдат не толку поволни услови (внатрешни или надворешни) за реализација на нашите планови. Колку повеќе сме подготвени да се соочиме со овие делови на патот до успехот, толку поверојатно е дека за пoефективно време ќе стигнеме до него.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.