Видови психопатија

Нормалниот човек е способен со својот разум и волја да диригира со своите нагони, да ги усмерува кон одредени цели почитувајќи ги прописите и нормите кои се наметнати. Душевно болен човек не е во состојба да ја сфати важноста на постоечките норми, ниту пак, може да ја согледа штетноста во своите или туѓи постапки. Психопатската личност, пак, често ги крши овие прописи и не се труди своите потреби да ги усогласи со интересите на својата заедница.

Видови психопатија

Погледнете ги видовите на психопатија кои можат да се појават:

Шизоидна психопатија – оваа група ги опфаќа сите особености во структурата на личноста кои се јавуваат и кај шизофрената психоза. Основните одлики на оваа структура на личност се: емоционална тапост, неосетливост или претерана сензитивност, недоверливост, склоност кон параноидна интерпретација, затвореност, слаба комуникација со средината, непотребна внимателност, себичност и слично.

Циклоидна психопатија – по своите доминантни симптоми оваа група е слична на манично-депресивната психоза, со тоа што нејзините симптоми се значајно поинтензивни. Исто како што манично-депресивната психоза може да се јави во разновидни фаза, манична или депресивна, кои можат да се менуваат, така и циклоидните психопати можат да покажуваат варијации во своето расположение, почнувајќи од хипоманија, па се до благо депресивна фаза, или пак, можат целиот свој живот да покажуваат симптоми на една од овие две фази.

Епилептоидна психопатија – карактеристиките на оваа група се гледаат во експлозивноста, непромисленоста, жестокоста, брзите празнења на емоциите, раздразливоста, лепливоста во говорот, опширноста, наглото менување на расположението, сугестибилност и слично.

Хистероидна психопатија – нејзините својства се гледаат во хистеричниот карактер: емоционална незрелост, афективна лабилност, егоцентричност, нагласена емоционалност, желба за лична доминација во секоја ситуација, нестабилност, колебливост, склоност кон фантазирање, наметливост, љубопитност, подлост…

Сексуална психопатија – карактеристични својства за личноста со сексуална психопатија се појави на различни настраности во задоволството на сексуалниот нагон, разновидни перверзии и слично.

 

Класификација според проф. д-р Србољуб Стојилкович – Психијатрија со медицинска психологија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.