Вкоренет срам како една од централните теми во психотерапијата

Кога станува збор за срамот, луѓето најчесто го поврзуваат со искуство кое доаѓа од надворешни влијанија, како што се родителите и нивните одобрувања, општеството и слично. Пример за ваков срам е ако личноста добие слаби резултати на испит или потфрли во кариерата и не сака да знаат другите луѓе за тоа, за да не ја сметаат за помалку способна.

Вкоренет срам како еден од централните теми во психотерапијата

Од друга, страна постои еден друг вид срам кој е побазичен и вкоренет во основата на личноста и кој најчесто егзистира во несвесното. За овој вид срам подетално зборува и го објаснува психоаналитичарот Joseph Burgo. Кога личноста низ детството минува низ проблеми како родител алкохоличар, проблематичен развод, злоупотреба, мајка со психотично растројство и слично, речиси секогаш личноста е на некој начин оштетена во својата основа и ја оформува психички на начин како и раѓањето со физички хендикеп. Кај личноста се развива чувство на базичен страв и несигурност во светот. Личноста може да чувствува и голема тешкотија да сака и да верува во други луѓе. Може да биде склона кон насилни емоционлни испади, или да се бори со зависност. На ваквата состојба може да се гледа како на еден вид ментална лузна или психички хендикеп.

Ваквиот вкоренет срам е поврзан со длабоко чувството на „грдотија“ и „деформираност“ во однос на себе, страв од пониженост и отфрленост од страна на другите. Во несвесното се пројавува на повеќе начини, како во заштитните механизми или во сонот. Во сонот може да се појави во вид на срушена или напуштена куќа, лик со физички деформитет, скитник или парталав човек, напуштено новороденче, уништен автомобил, што не е неопходно тоа да е самиот сонувач, туку може да се јави и како посебен карактер. Сите овие елементи во сонот упатуваат на постоење на „селф“ кој е скршен, оштетен.

Вкоренет срам како еден од централните теми во психотерапијата

Личноста може да се обременува со чувство на само-омраза низ животот. Некогаш чувството на оштетеност и фундаментална различност од другите луѓе може да биде толку силно, што личноста може да јави потреба да го отфрли чувството како свое, односно може да го проектира на други луѓе (обвинување), или да го негира (нарцизам).

Еден од начините да се допре до овој дел од личноста е да се размисли за постоење на некое искуство каде сме почувствувале длабок срам или јавно понижување. Што предизвикало да се чувствуваме така? Кое „срамно“ искуство имало силно влијание врз себе и врз другите искуства во животот?

Еден од начините за справување со овој срам е преку спротивставување на идејата дека „Јас сум на некој начин многу посебен/на“. Кога и да се зборува на ваков начин за себе може да се појави паралелно и чувство на лична пониженост, срам за егоистичниот начин на зборување за себе и срам во врска со основната „оштетеност“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.