Во кои професии има најмногу психопати?

Според едно обемно истражувањето во Велика Британија спроведено од страна на истакнатиот психолог Kevin Dutton, докажано е дека 10-те професиите во кои има најмногу психопати се:

  1. Генерален директор
  2. Адвокат
  3. Медиуми (ТВ/ радио)
  4. Продавач
  5. Хирург
  6. Новинар
  7. Полицаец
  8. Црковен служител
  9. Готвач
  10. Државен службеник

Во кои професии има најмногу психопати?

Професии меѓу кои има најмалку психопати:

  1. Негувател
  2. Медицинска сестра
  3. Терапевт
  4. Занаетчија
  5. Стилист/козметичар
  6. Добротворен работник
  7. Наставник
  8. Уметник
  9. Доктор
  10. Сметководител

Луѓето имаат тенденција да ги поистоветуваат психопатите со убијците, но всушност 15 – 25 % од луѓето во затворите се психопати. Така што, многу од луѓете со психопатски тенденции не се воедно и криминалци.

Ова се некои од карактеристиките кои ги опишуваат психопатите: самоуверени, несочувствителни, манипулативни, неплашливи, шармантни, смирени под притисок, егоцентрични, негрижливи.

Гледајќи ја листата на професии каде има најмногу психопати, можете да видите дека некои од овие карактеристики на накој начин се корисни за нивните професии.

Ова, секако не значи дека секој директор или адвокат е психопат, ниту пак дека психопатските тенденции се пожелни за успех во овие професии.

Од друга страна, постои извесно поклопување помеѓу психопатските црти на личност и типот на луѓе кои ги избираат овие професии.

Постои ли такво нешто како „успешни психопати“?

Некои луѓе сакаат да ги истакнуваат придобивките на психопатските црти на личност, веерувајќи дека постои типична категорија на „успешни психопати“, односно луѓе кои профитираат поради нивната личност и склоности.

Сепак, многу психолози го оспоруваат верувањето дека постои ваква специфична категорија. Тоа е така бидејќи постојат истражувања кои покажуваат дека психопатите се неуспешни во некои области, кои пак се поврзани со успешноста на личноста: нивните врски со другите луѓе се помалку квалитетни, заработуваат помалку пари и вообичаено не се стекнуваат со висок статус.

Можеби треба да се намали сензацијата и верувањето околу поврзувањето на психопатијата со успешноста. Ние едноставно може да бидеме изненадени што некој речиси без реакции на страв, бескрајна самоувереност и без сочувствителност може да функционира надвор од институција, а уште повеќе ако стане почитуван професионалец.



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *