Водич низ годините: Прегледи кои можат да ви го спасат животот

За долг и здрав живот, најбитна работа која секој човек треба да ја направи е да биде сам свој доктор. Лекарите објаснуваат дека денес дури 90% од болестите можат да се излечат преку нивно рано дијагностицирање. Потребно е да го слушате своето тело и да внимавате на симптомите, особено на промена на телесната тежина, појава на бемки, болки веднаш да се обратите на лекар.

Водич низ годините: Прегледи кои можат да ви го спасат животот

Во 20 тите

Жени

  • Прегледот на кожата кај дерматолог на секои две години, особено ако имате многу бенки – меланомот е еден од водечките причинители на смрт кај жените помеѓу 25 и 29 години.
  • Еднаш годишно PAP преглед кај гинеколог – HPV е водечки предизвикувач на рак на матката.
  • Еднаш годишно анализа на крвта која вклучува проверка на висината на холестеролот па се до контрола на хормоните – зголемениот холестерол може да се појави во 20 тите години.
  • Еднаш месечно е добро да се направи самостоен преглед на градите, додека еднаш годишно е добро да се направи кај некој доктор, за жените кои имаат генетски предизпозиции за рак на градите.

Мажи

  • Преглед на кожата кај дерматолог еднаш годишно.
  • Самостоен преглед на тестисите еднаш месечно до еднаш годишно кај уролог во случај на генетски предизпозиции – рак на тестисите се појавува кај мажите помеѓу 20 и 39 година од животот.
  • Проверка на нивото на холестеролот и крвниот притисок еднаш годишно – поради намалениот естроген мажите се подложни на ризик од срцеви болести.

Во 30 тите

Жени

  • Еднаш годишно на гинеколог, вклучувајќи PAP тест и ултразвук – рак на грлото на матката е водечко малигно заболување кај жените помеѓу 30 и 40 година.
  • Еднаш на шест месеци ултразвук на градите кај оние жени кои имаат блиски роднини со рак на градите.
  • Мерење на нивото на шеќерот во крвта на секои три години – околу 18% од жените постари од 30 години имаат зголемено ниво на шеќер во крвта.

Мажи

  • Мерење на висината на шеќерот во крвта на секои две години – околу 20% од мажите над 30 години имаат зголемен шеќер во крвта.
  • Тестирање на крвта од столицата еднаш на пет години, а по потреба и почесто – рак на чиревите е скоро 10% од сите случаеви на рак кај мажите од 30 до 40 години.
  • EKG и ултразвучен преглед на срцето на секои пет години – срцевите болести се најчестиот виновник за смртните случаи на оваа возраст.

Водич низ годините: Прегледи кои можат да ви го спасат животот

Во 40 тите

Жени

  • Мерење на нивото на крвниот притисок и висината на холестеролот во крвта еднаш годишно, додека EKG и ултразвук на срцето на секои пет години – срцевите болести се најголемиот виновник на смртните случаеви кај жените помеѓу 40 и 50 години.
  • На секои две години мамографски преглед на дојката.
  • Еднаш годишно вагинален ултразвучен преглед, а почесто во случај на појава на циста – после 40 се зголемува ризикот од појавување на рак на јајниците.

Мажи

  • Проверка на нивото на крвниот притисок и холестеролот во крвта еднаш годишно – после 40 тата година три пати е зголемен ризикот од кардиоваскуларни болести.
  • На секои пет години колоноскопија кај случаевите на рак на дебелото црево кај некој од семејството – рак на чиревите преставува дури 60% од сите малигни заболувања кај мажите во овој период од животот.
  • На секои пет години преглед на простата и вадење на PSA маркери од крвта – после 40 тата година се зголемува ризикот од оваа болест.

Во 50 тите

Жени

  • Проверка на густината на коските на секои три години – половина од жените имаат зголемен ризик од остеопороза.
  • Колоноскопија и ултразвучен преглед на абдоменот на секои пет години – рак на дебелото црево е второ најголемо малигно заболување на оваа возраст.
  • Еднаш годишно вагинален ултразвучен преглед и вадење на CA 125 маркери – ракот на јајниците е најголем кај жените на оваа возраст.
  • На секои три години EKG преглед ако пушите – 25% од инфарктите кај жените се јавуваат во 50 тите години.

Мажи

  • Преглед на простатата на секои две години.
  • Колоноскопија на секои три години – на оваа возраст се дијагностицира оклу 20% од ова малигно заболување.
  • Проверка на нивото на холестерол еднаш годишно – ризикот од срцев удар и затнување на крвните садови на оваа возраст е два пати поголем.
  • Еднаш годишно преглед на градите – после 55 години драстично расте бројот на случаеви со рак на градите кај пушачите.

Водич низ годините: Прегледи кои можат да ви го спасат животот

Во 60 тите

Жени

  • Тестови за густината на коските на секои две години – повеќе од 50% од жените во оваа возраст боледуваат од остеопороза.
  • Колоноскопија на секои пет години – кај жените ризикот на рак на дебелото црево значајно се зголемува после 60 тите години.
  • Мамографија, PAP тест и преглед кај кардиолог еднаш годишно.

Мажи

  • Преглед на простатата еднаш годишно – секој 15 ти маж над 60 години заболува од рак на простатата.
  • Колоноскопија на секои три години – околу 20% од случаите на рак на дебелото црево се јавува кај мажи помеѓу 60 и 65 тата година.
  • Мерење на висината на холестеролот, на крвниот притисок и шеќерот во крвта на секои шест месеци.
  • Еднаш годишно преглед на срцето кај кардиолог – 75% од срцевите удари кај мажите се јавуваат после 65 години.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.