Зошто проѕеваме?

Зевањето останало долго време мистерија за научниците. Студиите не покажале дали зевањето помага во регулирањето на кислородот во телото. Општо е познато дека зевањето е заразно и ако еден се проѕева тоа може да ги натера и другите да го направат истото, но ова не ја објаснува причината зошто е тоа така.

Зашто проѕеваме?

Но, новите истражувања обезбедуваат докази кои поддржуваат една нова теорија која тврди дека ние зеваме со цел да ги оладиме мозоците.

Нашите мозоци најдобро работат во строго контролирана темепратурна скала и проѕевањето го покачува крвниот проток до мозокот, што реагира како преносник кој што ја редистрибуира топлината подалеку од него.

Податоците доаѓаат од едно истражување направено од страна на американски истражувачи, потпомогнати од нивните колеги од Универзитетот во Виена.

Со цел да го разберат проѕевањето и да ја решат мистеријата, тие почнале со опсервација на спонтаното проѕевање на луѓето кои живееле на ладна и на топла клима.

Тие ги одбрале Виена во Австрија и Тускон во Аризона, САД.

Користејќи ги овие градови, се подразбира дека може да се надгледуваат луѓе во голем опсег на темературна разлика, од под нулата во зима во Виена, па се до 37˚C во Тускон во лето.

Теоријата тврди дека луѓето повеќе зевале кога температурата била околу 20˚C.

Ова е така бидејќи кога е ладно не ни треба ладење на мозокот. Но, исто така, кога е многу топло проѕевањето нема да биде ефикасно, затоа што надвор е претопло.

Тие го забележале следното:

  • Луѓето зеваат почесто кога температурата била околу 20˚C – ова подразбира преносливо проѕевање, кога една личност ќе предизвика и другите да зеваат.
  • Луѓето зеваат помалку кога температурата ќе падне под нулата и кога ќе се качи до 37˚C летно време во Аризона.

Сличностите може да се забележат низ сезоните и во двата града:

  • Луѓето во Тускон зеваат повеќе во зима отколку во лето (бидејќи зимите таму се околу 20˚C).
  • Луѓето во Виена зеваат повеќе во лето отколку во зима (бидејќи летата таму се околу 20˚C)

Кога мозокот е на вистинската температура тој може да работи поефикасно, помагајќи ни да размислуваме побрзо.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.