За кого е наменета психотерапијата?

Ако се водиме според статистиката на менталните нарушувања, приближно 1 од 5 лица треба да побара помош од професионалец за ментално здравје. Но ако се водиме од прашањето кој може да има корист од психотерапијата, тогаш бројот е многу поголем.

Ако една од главните цели на терапијата е развој и создавање можности за позитивни промени, тогаш – кој нема потреба од терапија?

Многу луѓе не се борат со сериозни ментални нарушувања, а дел и се активно насочени кон својот личен развој, мотивација и постигнувања. Овде, станува збор за консултирањето психолог во насока на личен развој, најчесто поради следните причини:

  • Барање начин и мотивација за поголема продуктивност и задоволство во работата
  • Потреба од подобрување на комуникацијата и продлабочување на релациите преку емпатија, искреност и посветеност
  • Учење пристап кон неизбежните конфилти како на можност за развој, преку негување асертивност
  • Барање поддршка во процес на минување низ промена (нова работа, нова врска итн.)
  • Поттикнување на автентичноста и себе-изразувањето
  • Проширување на свеснота за себе и воспоставување  исполнувачки контакт со околината

Други луѓе се афектирани од посериозни ментални нарушувања и водат тешки емоционални борби. За нив терапијата е минимумот кој може да им помогне во справувањето со особено тешкото секојдневие. Во овој случај, луѓето може да побараат помош од психолог-терапевт поради:

  • Преоптовареност од негативни мисли и чувства
  • Долготрајно чувство на тага и безнадежност
  • Неможност да се извршуваат секојдневните обврски и задолженија
  • Постојана загриженост, очекување сами на најлош исход и чувство – како да се биде на раб
  • Конзумирање алкохол и дроги на начин на кој е штетен за себе и околината
  • Избувливост, губење контрола и (порив за) агресивни испади…
This image has an empty alt attribute; its file name is 2-na-kogo-mu-e-potrebna-psihoterapija-psihologija.com_.jpg

Поголемиот дел од нас се наоѓаат негде меѓу овие две екстреми. Во тој случај, може да не побараме психолог – терапевт, но доколку го сториме тоа, може да подобриме многу аспекти од нашето живеење:

  • Разбирање како начинот на нашето размислување е поврзан со расположението и емоциите
  • Преиспитување и појаснување на нашите верувања, вредности и стратегии за тоа како најефикасно да стигнеме до посакуваната промена
  • Учење да се комуницира директно и асертивно во врските и реалциите
  • Подобрување на самодовербата – општа и специфична (социјална, интимна..)
  • Носење одлука за некоја значајна промена (развод, преселба итн.)
  • Учење техники за воспитание и родителство
  • Справување со загуба

Зошто секој може да има корист од психотерапијата и психолошкото советување?

Секој има стресори во својот живот, а терапијата нуди можност да разговарате за било кој од нив или за сите. Терапевтот во никој случај нема да ве исмева, критикува или да му досади од вашето зборување (доколку ова е случај, треба да го промените терапевтот). Буквално, нивната работа е да ве слушаат, да се грижат за вашата психичка состојба и да ве водат до промената која ја поакувате.

Може да зборувате за секоја тема што ве загрижува, да се извентилирате за проблемите на работа, да ги подобрите односите со родителите, да го организирате подобро своето секојдневие, да направите план за постигнување на своите кариерни цели, да ја пронајдете својата пасија и да се мотивирате да ги развивате своите таленти, да ги подобрите родитлските вештини, да работите на вашата состојба на анксиозност или депресија, да оттагувате некоја загуба.. и многу повеќе.

И не, психотерапијата не е магично стапче, но процесот може да биде магичен!



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.