За животната смисла и цели: што навистина сакате од животот

Некои луѓе интуитивно знаат што сакаат од својот живот. Многумина пак, не се ни обиделе да допрат до својата животна смисла и цели, или пак се загубиле на патот обидувајќи се да ги осмислат или остварат.

Како и да е, ова тема е значајна за сите, бидејќи не е можно да бидете среќни ако не се осознаете себе си и тоа што е најважно за вас.

За животната смисла и цели: Што навистина сакате од животот?

Во таа насока, доколку не сте размислиле посериозно на овие теми, или пак наидувате на конфузија, поставите си ги следните прашања:

  • Што е најважно за мене?
  • Што најмногу сакам да правам?
  • Дали живеам така како што длабоко сакам да живеам? Ако не, со што се спречувам?
  • На што е неопходно да се посветам повеќе, а на што помалку?

(Понекогаш, за да имате појасни одговори на овие и слични прашања, неопходно е да се „позанимавате“ со вашите верувања и вредности. Кои се тие, како сте ги стекнале, во што навистина верувате, колку се оправдани итн.)

Доколку не сте сигурни што ве прави среќни и што ви е најважно во животот, тогаш медиумите или другите луѓе ќе ви ја создадат претстава за она што е најзначајно во вашиот живот.

Ако претходните прашања сè уште ве оставаат со нејасност, тогаш поставете си ги прашањата:

  • Што ме расположува, радува, исполнува (или едноставно, што на пријатен – позитивен начин ја крева вашата енергија)?
  • За што сум подготвен/а да вложам од својата својата енергија за да правам, создадам, постигнам?

Авторот Jeff Goins, во својата книга The Art of Work, нуди некои неконвенционални, но сепак корисни совети за да ви помогне како да го напуштите вашиот стаус кво и да започнете да градите став кон животот кој ќе ве исполни со жар и ќе ви помогне да ја пронајдете вашата смисла.

Погледнете во својот живот

Според Goins, најдобриот начин да започнете со трасирање на вашата иднина е преку ретроспективен поглед на вашето минато. Ова не значи се дефинирате себе си со своето минато. Тука, сигурно постојат и непријатни искуства, неуспеси, грешки итн. Начинот на кој треба да погледнете на минатото е да ја насочите свесноста кон детектирање на предиспозициите и искуствата во која се пројавиле/стекнале, вашите страсти и вештини, а истите се во некоја константа или повторувачки шеми на пројава.

Вистинското препознавање на ваквите шеми би требало да ви предизвика реакција на енергизираност.

Вашето минато не ви ја диктира иднината, но од него можете да извлечете корисни информации. Goins вели дека преиспитувањето, исто така, ќе ви помогне да ги идентификувате активностите во минатото кои треба да ги избегнувате бидејќи ги поттикнувале вашите слабости или ве исцрпувале.

„Случајно “ учење

Вистината е дека освен своето верување и став, за да ја сфатите вашата животна смисла потребна е и реакција и повратна информација од средината (ментори, водичи и сл.).

Според Goins, овој вид на помош е насекаде околу нас, но ние некогаш едноставно не го заележуваме тоа.

Секоја успешна приказна е приказна во заедница. Некои луѓе може да ви помогнат доброволно, додека други може да ви помогнат да научите нешто сосем случајно. Ако сте доволно мудри, може да искористите и да научите од секое искуство. Најдобро е да немате став да ги барате овие работи задолжително, туку да ги препознаете кога ќе се појават, бидејќи се поблиску до вас отколку што мислите.

Подгответе се за вложување напор

Верувањето дека откако ќе ја препознаете вашата смисла и цели, нивното постигнување е лесно бидејќи извираат од вашата енергија и страст, е само мит. Препознавањето е само првиот чекор во вистинската насока.

За животната смисла и цели: Што навистина сакате од животот?

Парадоксот во тоа е што потребно е да вложите напор и да бидете истрајни за да постигнете одредено ниво на квалитет, но добрата страна е што оваа борба е возбудлива и исполнувачка. Борбата не е лесна, исполнета е со многу предизвици и не секој го сфаќа тоа сè додека не влезе во неа.

Исто како и професионалните спортисти, музичари или уметници, очекувајте да работите/вежбате до точка на исцрпеност. Во спротивно не би ни постигнале високо ниво на квалитет/изведба.

Goins вели „Болното искуство не е забавно, но е неопходно за пронаоѓање и постигнување на вашите цели“.

Клучот е да го најдете местото каде вашите вештини и способности се сретнуваат со потребите на другите. За таа цел, Goins изведува три прашања преку кои може да го најдете одговорот:

  • Што сакам да правам?
  • Во што сум добар?
  • Што му е потребно на светот?

Штом одговорите на овие прашања, нема повеќе да имате само работа, или дури и кариера. Имате животна смисла.

 



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.