Зад пасивната агресија стои страв

Пасивната агресија е поим кој сè повеќе се сретнува како во психологијата, така и во секојдневниот живот.

Што всушност претставува пасивната агресија?

За истражувачки цели, во дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања (DSM), пасивното агресивно нарушување на личноста се опишува како сеприсутни негативни ставови и пасивен отпор на барањата за соодветно однесување/извршување во социјалните или професионалните ситуации.

Што стои зад пасивната агресија?

Зад пасивно агресивното однесување се крие страв и избегнување директен конфликт, а го прати чувство на безпомошност. Можете да го препознаете по сарказмот, молчењето, избегнување интимност, критизирање, саботажа, двосмисленост, доцнење и не извршување на должностите, пишува The Huffington Post.

Иако од време на време сите се однесуваат така, на ова однесување се склони луѓето со ниска самодоверба, оние кои се плашат од конфликт како и оние кои во текот на целиот живот морале да ги прикриваат своите емоции, особено лутината – објаснува заменик директорот на американскиот Montefiore Medical Ceter – Dr. Scott E. Wetzler.

Луѓето се однесуваат пасивно-агресивно кон оние кои не ги прозиваат и немаат добро поставени лични граници. Исто така, таквото однесување може да биде последица на средината и воспитување при раснењето. Склони кон тоа однесување се оние кои одраснале во окружување каде само едниот родител бил доминантен, а другиот му се покорувал, тврди американска терапевтка Dr. Andrea Brandt.

Жртвите на пасивна агресија често имаат чувство дека се луди. Им се говори дека се случило нешто што не се случило, а истовремено чувствуваат дека зад зборовите на пасивниот агресивец се крие нешто што тој не сака да го признае. Знаете дека нешто се случило, а тој тоа го негира – објаснува Dr. Wetzler.

Зад пасивната агресија стои страв

Како да се носите со пасивните агресивци

Прв и најважен чекор е да го препознаете ова однесување. Не смеете да дозволите пасивната-агресија да ве залажува. Треба да ја класифицирате онаква каква е, а тоа е непријателско однесување. Најголема грешка е благоста према пасивно-агресивните луѓе, објаснува Dr. Wetzler.

  • Поставете граници

Треба јасно да ги поставите границите и да дадете до знаење дека не мислите да толерирате такво однесување. Ако пасивниот агресивец секогаш доцни на состаноци, напоменете му дека следниот пат ќе почнете без него. Со тоа му говорите дека не мислите вие да патите заради неговото однесување.

  • Бидете прецизни

Ако имате намера да се соочите со пасивен агресивец, пронајдете конкретна причина. Со генерализирање ништо нема да постигнете. Јасно кажете што ви смета и покажете дека не го одобрувате неговото непријателско однесување.

  • Бидете опуштени

Во разговорот треба да бидете опуштени, но да ги почитувате границите. Важно е да имате на ум дека ситуацијата треба да се заврши добро, и за едната и за другата страна. Нема потреба од напади и обвинувања. Едноставно на пасивниот агресивец треба да му дадете до знаење дека ги почитувате неговите чувства, но и не треба задолжително да се согласите со него, напоменува Dr. Wetzler.

Јас како пасивен агресивец

Ако и сами прибегнувате кон вакво однесување, запрашајте се дали вашите чувства и дела се синхронизирани. Говорите ли секогаш да, а мислите не, можеби не е сè во најдобар ред, објаснува Dr. Brandt.

За да се справите со ваквото однесување најнапред треба да сфатите што навистина сакате. Немојте да се оптеретувате со туѓи очекувања и мислења, бидете самите на себе најважни.

  • Изразувајте ја лутината

Со таквите постапки се саботирате самите себе, а слично правите и ако за својата лоша работа или доцнење ги обвинувате другите. Ако сте лути, прифатете го тоа чувство и немојте да го потиснувате. Лутината има и добри страни, таа ни говори дека постои грешка која треба да ја поправиме.

  • Стравот од конфликт треба да го совладате

Избегнувањето конфликт може да вроди низа нови недоразбирања. Затоа со него е најдобро да се соочите веднаш, бидејќи, што подолго време напредува и задоволството ќе биде поголемо. Во расправиите треба да бидете прецизни, чесни и избегнувајте тешки зборови и навреди.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.