Зошто се однесуваме подобро со луѓето кои не ги познаваме отколку со луѓето кои ни значат?

Зошто често се наоѓаме  во ситуација каде покажуваме нетолеранција, или им се закануваме на луѓето кои ни се најблиски? Постои една позната изрека која вели дека блискоста создава презир. Сепак, тоа не значи дека сите  нешта кои ни се допаѓаат кај нашите блиски, со време постепено ќе се намалуваат и ќе ни стануваат одбивни.

Зашто сме „добри“ со луѓето што не ги знаеме повеќе отколку со луѓето што ни значат

Во прилог на одговор на прашањето, значајно е да е се наведе дека болката,  наместо задоволството, многу повеќе ни го привлекува вниманието и на тој начин ние покажуваме најмалку толеранција за негативните нешта кај луѓето кои ни се најблиски. Со други зборови, оние луѓе кои најмногу ги сакаме, може да ни предизвикаат најголема болка доколку не повредат, за разлика од луѓето кои не ни значат многу во животот.

Исто така, ние не секогаш се однесуваме добро со луѓето кои ги сакаме, на пример – сакаме да ги промениме или да го прекинеме контактот со нив во моментите кога не ни одговара нивното однесување и тоа најчесто го правиме со луѓето во семејството – сопругот/сопругата, децата, родителите.

Што можеме да сториме во врска со ова?

Постојат неколку стратегии кои можат да ни помогнат:

1. Замислете како би се чувствувале кога блиските не би биле повеќе дел од вашиот живот

Целта овде е да почувствувате поголема благодарност. Ништо повеќе нема да ви го долови чувството, од тоа да ја почувствувате загрозеноста од губење на најблиските. Спроведените истражувања на оваа тема,  покажале дека сите ние сме способни да го осетиме чувството на загуба на блиските, сé со цел да дознаеме колку сме благодарни што ги имаме во нашиот живот. Најдобро, можете да замислите како некој близок е отстранет од вашиот живот – смислувајќи некое возможно сценарио. Пробајте вака: запишете ги на парче хартија сите добри работи што ги сакате во врска со некоја блиска личност и потоа замислете како еден ден можете да ја загубите. Ако се обидете да го замислите животот, на пример без сопругата/сопругот, замислете како тоа ќе влијае на вашиот живот, како ќе се создаде празнина од нејзиното/неговото заминување. Гледајќи го креветот празен додека спиете или гледајќи ја масата празна додека јадете и така натаму. И кога ќе замислите како тоа ќе ви го промени животот, ќе почнете да замислувате и да гледате на пример на следниов начин: како одите сами во театар, како одите сами на одмор, како одите сами на родителски средби на вашите деца и слично. Повторувајќи го ова почесто, може да ви стане навика која откако ќе заврши ќе ве исполнува со чуство на благодарност.

2. Поминете време со вашиот сакан/сакани во друштво на други луѓе

Какви личности сме ние, во голема мера е под влијание на тоа со какви луѓе се дружиме. Дали сте забележале како се однесувате со вашите родители, или како се однесувате со вашите другари, колеги, вашиот претпоставен? Ние сме составени од повеќе „јас“, но кој ќе бидеме во одредена ситуација, зависи од луѓето кои се околу нас. Затоа се чувствуваме добро  кога сме во присуство на некого или некои со кои што се чувствуваме како свои –  во тој момент се однесуваме и подобро. Исто така, може да се забележи како и нашите блиски во такви моменти се чувствуваат и однесуваат подобро. Како заклучок од сето ова, динамиката помеѓу вас и вашите најблиски ќе се подобри благодарение и на луѓето со кои се дружите.

Зашто сме „добри“ со луѓето што не ги знаеме повеќе отколку со луѓето што ни значат

3. Оддалечете се од вашите најблиски кога ви е потребно

Не го правете ова со цел да ги наполните вашите батерии со толеранција во врска со нештата кои ве нервираат кај вашите блиски. Направете го ова со цел да добиете освежена перцепција. Излезете сами надвор, сé со цел оклината и другите луѓе да ја извадат на виделина вашата благодарност од вас, внатрешност која што ќе ви дозволи да ја видите проширената слика за вас самите и за луѓето што ги сакате. Внатрешност која што ќе ви овозможи да го цените тоа што го имате со луѓето што ги сакате и најважно, да ви овозможи побалансиран поглед на работите што ве фрустрираат во врска со нив.

 

Горните стратегии се со цел да ви помогнат да бидете потолерантни кон вашите сакани и исто така да имате поцелосна слика. Треба да ги заборавиме неважните работи и да се свртиме кон работите кои ни значат најмногу, со цел да сфатиме како се однесуваме кон оние кои ни мислат добро.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.