Зависност од порнографија

Зависноста од порнографија за многумина е поим кој носи конфузија. Многу жени сметаат дека скоро секој маж има ваква зависност, а повеќето мажи веруваат дека не се зависни.

Всушност, зависноста од порнографија е помалку присутна отколку што сметаат жените, а повеќе присутна отколку што мажите сакаат да признаат.

Мажите доминантно се визуелно посензибилни во однос на перцептивна стимулација и затоа се посклони да развиваат ваква зависност, но тоа не ги прави по правило зависни од порнографија. За секоја психофизички зрела личност е природно да биде сексуално привлечена. Но, зависноста е сосема поинаква состојба, која не се развива со самото изложување на порнографска содржина кај секоја личност.

Некои од сатистичките факти според истражувања во САД:

  • 12 % од интернет страните се порнографски
  • Секоја секунда се трошат 3 075 64 долари на порнографски материјали
  • 28 258 интернет корисници гледаат порнографски содржини
  • 40 милиони американци се редовни посетители на порно-сајтови
  • 1 од 3 посетители се жени
  • 25% од сите интернет  пребарувања дневно се поврзани со порнографски содржини, тоа се 68 милиони дневно
  • 35% од сите интернет симнувања се порнографски
  • Просечно, возраста на која за прв пат луѓето гледале вакви содржини е 11 години
  • 20% од мажите признаваат дека гледаат порно на работа…

Разлики во зависноста меѓу мажи и жени

Скоро сите мажи се срамат во врска со својата желба да гледаат порнографски содржини. По правило гледаат во тајност, а ако бидат „фатени“ негираат, лажат, рационализираат, даваат изговори или обвинуваат некој или нешто друго зошто гледаат.

Во однос на перциптивна стимулација, вклучувајќи ја и сексуалноста, жените се генерано помалку визуелно стимулирани. И покрај постоењето на овие разики, 1/3 од посетителите на порнографски сајтови се жени, а 17% од нив во истражување имаат изјавено дека имаат проблем со зависност. Вообичаено, жените сакаат да веруваат дека другите мажи се тие што гледаат порно, не нивниниот партнер. Доколку дознаат дека нивниот партнер гледа порно содржини, голем дел од нив се збунети, лути, се чувствуваат загрозено, и го сфаќаат тоа како порака дека тие не се доволно добри.

Кои се причините за зависноста?

Главните причини кои поттикнуваат зависност се:

Визуелна стимулација – не е некое изненадување дека за најголемиот дел од мажите, сликите се значаен извор на стимулација. Голем број истражувања го потврдуваат ова. И не станува збор само за порнографија, мажите имаат поголема склоност за развивање зависност од различни визуелни материјали – филмови, видеоигри,гледање видеа…  Повторувачкиот процес на гледање материјали кои стимулираат задоволство, поттикнуваат хемиски процеси во мозокот кои го засилуваат ова однесување, што може да води кон развој на зависност од порнографски содржини.

Потреба за релаксација, задоволство и бегство – голем број луѓе имаат проблем да се опуштат и да бидат во состојба на мир. Најчесто, не располааме со добри стратегии за справување со стрес. Доколу некој сака да избега од проблемите со самодоверба, проблемите и стресот на работа, притисокот од животот… порнографијата е нешто каде личноста може да се изгуби, но и да се чувствува посакувано. Освен тоа, прашањето со самодовербата е исто така битно кога зборуваме на оваа тема. За многу луѓе, комуникацијата, запознавањето, излегувањето  и  делењето интимност се застршувачки теми од кои бегаат.

Порното е брз едноставен и се чини безболен начин да се избега од целиот овој стрес. Како и да се, иако многу вообичаен начин, не е воопшто безопасен.

Аспекти на порнографијата кои ја поттикнуваат зависностаПостојат некои специфични аспекти за порнографијата кои ја прават да прерасне лесно во зависност. Премногу е достапна на интернет; сексот е една од сновните потреби кај мажите и жените; интернет страните со порнографски содржини се дизајнирани да привлекуваат многу внимание.

(Доколку имате проблем со зависност, побарајте помош од професионалец со кој можете да работите на сите теми кои кај вас предизвикуваат срам, страв, конфузија и незадоволство…)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.