Здодевноста може да ја зголеми вашата креативност

Според една неодамнешна студија, здодевноста може да ја зголеми креативноста кај луѓето, делумно поради обидот да се избега од ужасното, фрустрирачко и безначајно чувство на досада. Тоа може да ви помогне дури и на работа.

Здодевноста може да ја зголеми вашата креативност

Психолозите од Универзитетот „Central Lancashire“ им дале задача на дел од своите испитаници да препишуваат броеви од нивниот именик околу 15 минути, додека пак на другиот дел им била веднаш зададена креативна задача. И од двете групи било побарано да најдат што е можно повеќе употреби на една чашка од стиропор. Верувале или не, онаа група која се досадувала со телефонските броеви успеала да најде повеќе начини на употреба за чашката. Д-р Sandi Mann, еден од авторите на оваа студија објаснува:

 

„Здодевноста на работа отсекогаш било нешто што требало да биде елиминирано, но можеби би требало да почнеме да ја прифаќаме со цел да ја подобриме нашата креативност. Ние ќе продолжиме со нашето истражуваме и ќе се обидеме да најдеме повеќе практични примени на овие резултати. Дали луѓето на кои им е здодевно на работа стануваат покреативни и во другите области од нивната работа или пак, одат дома и почнуваат да пишуваат новели?“

 

Тие исто така откриле и дека нивната креативност била намалена кога додека се досадувале немале можност и за мечтаење.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.