Животот е повеќе од тоа да бидете среќни

Нашата култура и време на живеење е опседнато со потрагата по среќа. Но, што ако постои поинаков пат, далеку поисполнувачки? Среќата доаѓа и си оди, вели авторката Емили Есфахани Смит, но пости такво нешто како Смисла на живеењето – подразбира служење на нешто поголемо од нас самите и развивање на најдоброто во себе. Тука станува збор за една сосем поинаква внатрешна состојба (која дава мир и енергизираност), од состојбата кога сме оптоварени со желбата да Не се биде (внатрешно и надвотрешно) таму каде што сме (што најчесто води до чувство на неисполнетост, фрустација и пад на волевите снаги).

Оваа подлога е далеку поразлична од секоја агонија во потрагата по „среќа“ и задоволното живеење. Дознајте повеќе за разликата меѓу тоа да бидете среќни и да водите живот кој за вас има значење.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *