Живот во боја: далтонисти со помош на очила за прв пат ги гледаат боите

За прв пат гледам како изгледаат цртежите на мојот син. Претходно се беше сиво, сиво, сиво – со тие зборови Андреј, еден од далтонистите на кои им била дадена приликата да ги испробаат новите очила, го опишуваат светот на бојата. Очилата на американската компанија EnChroma кои чинат 350 долари им овозможуваат на далтонистите да ги препознаваат боите, а се базираат на леќи кои ги раздвојуваат брановите на светлината и ја подобруваат перцепцијата на бојата.

Погледнете ја реакцијата на далтонистите во видеото:

Далтонизмот или пореметувањето на препознавање на боите погодува повеќе од 300 милиони луѓе низ светот. На мрежницата на окото се наоѓаат фоторецептори кои реагираат на варијации на брановите на светлината, но кај далтонистите постои пореметување кај рецепторите кои им овозможуваат да ја гледаат истата таа светлина.

Далтонистите најчесто имаат потешкотии со препознавањето на бојата како што е сината, жолтата, црвената или зелената.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.