Злоупотреба на психологијата: процес на миење на мозокот

Значења и употреби на миење на мозокот или т.н. декогниција

Најопшто, миењето на мозокот се определува како присилно индоктринирање во нов свет на ставови и верувања. Служи за добивање информации, за менување на убедувањата и на ставовите, како и за соработување со непријателот. Најчесто се работи плански, со надворешно раководење, од друго или други лица.

Злоупотреба на психологијата: Процес на миење на мозокот

Целта да се развие специфично верување или мотивација преку миење на мозокот може да биде корисно или на штета на личноста. Во најпожелна форма, ова може да значи преобразување на личноста, кое е постепено со цел личен развој и насока кон повисоко Јас.

Во психологијата, миењето на мозокот се разгледува како комбинации од манипулации со цел да се предизвикаат промени во убедувањето и ставовите. Манипулирањето се прави по пат на пропаганда, присила, заробување и рестрикција на достапноста на неутрални извори на информации. Техниките се користат на суптилен начин и може да се сретнат во семејствата, училиштата, рекламирањето, политичките кампањи итн.

Пропагандата е вербално насилство во кое има претерување или лаги. Пропагандата се користи и во комерцијални цели за да се направи притисок да се купат одредени производи, но може да се користи и за предизвикување војни. Секоја страна докажува дека е во право, а другата страна дека е лош непријател (кога единката искусува тоталитистичка одвоеност на добро/лошо, црно/бело мислење, има тешкотија да воспостави внатрешна чувствителност за сложеноста на човековата моралност).

Зголемувањето на чувството на вина и страв доведува до послушност и подготвеност да се прифаќа без отпор, а под притисок и цел да се наметнат туѓи мислења, ставови и поведенија. Методите на психолошки притисок (присилно управување, коартивна техника или индоктринација) најнапред ја бараат слабата точка кај секој поединец која тој ја доживува како грев или злосторство кој сака да го поправи. Методите на индоктринација го користат сознанието дека луѓето тешко поднесуваат кој било вид напнатост.

Злоупотреба на психологијата: Процес на миење на мозокот

Процес на декогниција или миење на мозокот

Првиот чекор се прави преку продолжен стрес за да се урнат личните физички и ментални одбрани. Така, гладот, студот и несоницата во долги периоди доведуваат до телесно слабеење и до кршење на личноста. Се употребуваат и различни хемиски средстава кои ја менуваат свеста и способноста за само контрола.

Често се користат физиолошки оружја за промена на функционирањето на централниот нервен систем. На пример се користат повторување на мантри, специјално програмирани звучни и светлосни ефекти, електрошокови. Повторувањата се меѓу 45 и 72 отчукувања во минута, што е близу нормалното отчукување на срцето. Ова доведува до хипотоничен ефект, бидејќи доведува до променета состојба на свеста со отворени очи (Алфа-состојба) во која сугестибилноста е зголемена за 25 пати (отколку што е во Бета-состојба на свеста). Секој збор рамномерно и монотоно се нагласува. Слично користат и верските лица при обредите.

Вториот чекор се нарекува програмирана конфузија. Тоа значи дека се користат сублиминални пораки скриени зад говорот, музиката, сликата, се применуваат хипнотички звучни и визуелни ефекти преку електронските медиуми. Во овој процес се прави наизменичен премин од стварност во илузија. Така се прифаќа первертирана логика.

Третиот чекор е состојба на престанување на мислењето. Во овој степен постои смиреност, умот е едвај активен и му се дава да се  занимава со нешто многу едноставно, а свеста се насочува. Нивото на свесност е снижено, а поединецот станува послушен и мисли дека е, на пример подобар војник или просветлен. Притоа, се јавува и Стокхолм синдром ( контролираните, засрамените и страдалниците почнуваат да се им се восхитуваат и да ги љубат манипулаторите – тврдејќи дека тие им ја покажале светлината, или дека биле преобразени преку чудотворни патишта).

За помош во врска со негативните ефекти од миење на мозокот или декогниција, постојат центри со програми за третман на лица кои биле жртва на ментално, духовно, емоционално, токсично насилство. Еден од нив е Wellspring Retreat and Resource Centre во САД.

 

Извор:

Мурџева-Шкариќ, О. (2007), Ненасилна трансформација на конфликти. Скопје: Филозофски факултет



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.