Знаци кои упатуваат на проблематична „таткова-фигура“ кај девојки и жени

Каков бил односот на детето со родителот од спротивниот пол, во голема мера влијае врз подоцнежниот избор на партнер и односот на личноста кон врските и кон партнерот. Во таа насока, значајно е дали овој однос бил однос на љубов, доверба и заштита, или однос во кој детето учи дека не може да има доверба во луѓето, светот е небезбедно место за живеење, а љубовта не постои или треба да постојано да се прилагодува за да ја заслужи… Оваа тема допира и во областа на сексуалната и преференциите на жените и девојките во однос изборот на љубовен партнер и ставот кон врските.

Кои се знаците кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“?

Сексуално ризично однесување и импулсивна сексуалност

Личноста често се впушта во импулсивни и ризични сексуални односи. Односот на доверба и љубов со партнерот, се заменува во однос на емоционална дистанца или пак опсесивност и/или емоционална зависност од партнерот, каде постои или желба за доминација над партнерот, или пермисивност и подреденост во однос на партнерот.

Знаци кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“ кај девојки и жени

Подложност на самодеструктивност

Самоповредувањето може да се јави во различни форми, а сите од нив допираат до одредени патолошки нивоа. Такви форми може да бидат од опсесивно грицкање нокти, коса, до сечење на телото. Дури и во периодот на адолесценција кога тетовирањето и пирсингот се широко прифатени, претерувањето во истото може да упатува на проблематичен однос со родителот во детството. Во својата суштина самоповредувањето (во било која негова форма) упатува на длабока повреденост на своето себство, која често води корен од детство, бидејќи тогаш личноста е најмногу кревка и зависна од родилтелската љубов и заштита. Со непримената љубов во овој критичен период, личноста учи дека таа не е сакана. Тоа води кон самонеприфаќање, а самонеприфаќањето пак може да води кон различни форми и степени на самоповредување.

Знаци кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“ кај девојки и жени

Претерана самодоверба

Не секој проблематичен однос татко-ќерка води кон самодеструкција, некои всушност одат во друга крајност кон пренагласување на самодовербата. Една од заштитните мханизми кои ги опишува психологијата е реактивна формација или преобразување во спротивно. За овој заштитен механизам карактеристично е она што не го прифаќаме кај себе (на пример ниска самодоверба), несвесно, го изразуваме нагласено во својата спротивна форма (на пример пренаглаување на сигурноста во себе).

Знаци кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“ кај девојки и жени

Страв и избегнување на самоуверени, маскулини мажи

Ништо повеќе не ја прави поанксиозна девојката/жената со проблематична „татко-фигура“ од маж кој се однесува на начин кој е очекуван за мажите (според родовата улога). Ваквиот страв најчесто зборува за непостоење, или оштетена „таткова-фигура“. Исто така, ова може да роди ирационален страв од машката сексуалност (се во врска со маскулиноста и сексуалноста се доживува како морничаво). Оние жени кои развиле освен одбивачки, и генерално агресивен став кон мажите, најчесто всушност изразуваат длабоко незадоволство и исфрлање на лутината кон своите татковци.

Знаци кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“ кај девојки и жени

Проблем со телесната слика за себе и проблеми со исхраната

Проблемите со исхраната може да бидат знак за нездраво воспоставување контрола врз себе (внесот на храна), нездрав начин на стекнување поголемо себеприфаќање преку опсесивно внимавање на изгледот и подобрување на истиот, или како начин на самодеструкција (повраќање, намален влез на храна).

Знаци кои упатуваат на проблематична „татко-фигура“ кај девојки и жени

Сите овие знаци присутни поединечно и во најмала мера,  не претставуваат неоспорен доказ за постоење на проблематична „татковата фигура“ кај жените, или пак дека тие извираат единствено од проблематичен однос со таткото. Но, генерално, присутноста на поголемиот дел од нив во понагласена форма, најчесто укажуваат на неприсутност или оштетеност на „татковата фигура“ поради проблематично изградениот однос со таткото.

Оваа тема и проблемите кои ги носи истата, не се реткост меѓу луѓето. Она што може да направите е да не ги избегнувате интензивната непријатност,стравот, амбивалентноста… во однос на оваа тема. Побарајте помош од психолог/психотерапевт кој може да ви помогне да воспоставите подобар и поавтентичен однос кон себе, позадоволувачки однос со партнерот и да развиете поздрав став кон љубовните врски. Особено за младиот човек, областа на врските и романтичното партнерство е една од најзначајните области и дава најголем допринос за човековата среќа и добросотојба.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.