Знаци според кои „само за секс“ врската се разликува од вистинската врска

Понекогаш е тешко да процените дали врската има потенцијал за нешто посериозно, особено во состојба на заљубеност. Сепак, постојат показатели кои покажуваат дека односот и не е така длабок.

Поголемиот број средби се сведуваат само на секс

Иако нема ништо лошо на интензивни односи на почетокот, сепак ако имате чуство дека вашиот однос останува исклучително само на тоа ниво, тогаш најверојатно вашата интуиција и не греши. Било да преставувате за другата страна само врска за „лекување“, да бидете исклучително сексуално привлечни или некој со кој ќе бидатe само за да не сте сами, постојат показатели кои откриваат дека врската нема да прогресира во нешто подлабоко.

Знаци по кои „само секс“ се разликува од правилна врска

Не постои желба за дружење

Другата страна секогаш е во трчање, за вас има резервирано само неколку часа, а на вас ви се чини комплицирано да успеете да излезете заедно во кино? Избегнувате ли притоа дружење со другарите, запознавање на семејството или било кој друг начин на поврзување, очигледно дека вашиот партнер ве држи на „ладно“ со причина дека не сака сериозна врска.

Не чуствувате блискост после сексот

Иако можеби сексот е одличен, тој доаѓа како единствена потврда на „љубовното чуство“. Поради тоа го посакувате, но потоа се чуствувате искористено. Другата страна не го признава тоа, може да ви префрла дека си го замислувате сето тоа и да ви дава разни други изговори дека сте битни. Но, едноставно сакаат да одат полека, иако објективни препреки за самата врска и не постојат.

Не сте опуштени

Внимавате ли често што ќе кажете, планирате кога ќе се јавите за да не испаднете премногу загрижени или секогаш се обидувате да ги контролирате своите зборови во однос на „љубовната игра“. Тоа е покажател дека силно се обидувате да оставите добар впечаток, но всушност сте во врска во која не можете да бидете свои.

Партнерот/ката е сака да разговара со вас во врска со проблемите кои ги има

Без разлика колку пати сте спиеле заедно или сте поминале време заедно, ви се чини како и понатаму да не сте ниту пријател, а уште помалку рамноправен партнер? Во површните односи луѓето често ги избегнуваат разговорите во однос на желбите, проблемите или плановите, што преставува наједноставен начин на дистанцирање од другата страна.

Знаци по кои „само секс“ се разликува од правилна врска

Се забавуваат на сите страни

Додека вие размислувате како ќе се видите со неа или него, другата страна веќе е во некој договор, се забавува, а и во одредени прилики флертува со други. Ако тоа сценарио често се повторува и веќе се наметнало како правило, во тој случај ова е вистински показател дека вашата врска и не е толку битна работа за нејзе/него, особено ако се неми во врска со вашите приговори и предлози како да се надмине таа ситуација.

Секој ваш контакт се сведува на договор

Единствениот повод за да се слушнете е да се договорите кога би сте се виделе. Другата страна може ќе тврди дека не е личност која сака да телефоира или да испраќа пораки, но лесно ќе видите дека воопшто нема проблем кога станува збор за другите луѓе и дека само на вас ви ја „продава“ таа приказна.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.