Знаете ли да го контролирате бесот или тој ве контролира вас? Проверете…

Ви прави ли лутината проблем со околината? Проверете во тестот колку добро го контролирате вашиот краток фитиљ.

Решете го тестот и откријте како ја изразувате лутината – создавате ли притоа проблеми со околината, го држите ли бесот под контрола или решението треба да го побарате во литература за самопомош, или пак да побарате помош од стручно лице?

Одговорете и избројте ги бодовите:

1 поенникогаш

2 поени ретко

3 поенипонекогаш

4 поеничесто

5 поенисекогаш

  1. Се лутам после мала провокација.
  2. Имам доста лош темперамент.
  3. Тешко ми е да престанам да мислам за нешто што ме лути.
  4. Кога ќе се разлутам, чувствувам порив некого да истепам.
  5. Кога ќе се налутам, чувствувам нагон нешто да искршам.
  6. Станувам нестрплив кога некој не ме разбира.
  7. Ги „губам живците“ барем еднаш неделно.
  8. Со испадите на лутина го посрамотувам семејството, пријателите и соработниците.
  9. Станувам нестрплив/a кога некој пред мене вози според точно одредената ограничена брзина.
  10. Се лутам кога соседот е безобразен.
  11. Сум забележал/а дека поради некои пријатели или членови на семејството често се разлутувам.
  12. Се разбеснувам кога луѓето прават нешто што не би требало, на пример, пушат во просторијата за непушачи.
  13. Постојат луѓе кои секогаш ме притискаат и форсираат на погрешен начин.
  14. Се чувствувам напнато.
  15. Викам и/или пцујам.
  16. Толку се разлутувам, што чувствувам како да ќе експлодирам од бес.
  17. Брзо се вознемирувам кога ќе видам дека некој апарат или опрема не работи исправно.
  18. Долго се сеќавам на личностите и ситуациите кои ме разлутиле.
  19. Не можам да толерирам неспособност – ужасно ме лути.
  20. Мислам дека луѓето се обидуваат да ме искористат.

Знаете ли да го контролирате бесот или тој ве контролира вас? Проверете...

Резултати:

Од 80 до 100 поени

Вашиот начин на изразување на лутината веројатно ви прави сериозни проблеми со околината. Би било корисно доколу побарате професионална помош.

Од 50 до 60 поени

Имате многу простор за напредок. Прочитајте некоја книга за самопомош во управување на лутината, така што вашата контрола може дополнително да се подобри.

Од 30 до 50 поени

Вие се лутите и разбеснувате еднакво често како и повеќето луѓе. Внимавајте на своите епизоди на лутина и за шест месеци проверете дали резултатот на овој тест се намалил (вообичаено, резултатите може позначајно да се променат во период од околу шест месеци).

Под 30 поени

Честитајте си! Вие сте во добрата зона кога станува збор за интензитетот на чувствата на лутина контролата на бесот.



Психолог, Семеен и системски советник. Лиценциран од Комора на психолози на РМ. Претседател и основач на Здружение Психоинтегра. Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *