Зошто да не осудуваме

Колку и да се трудиме, сите ниe ги осудуваме другите луѓе. Може да биде за ситници, како на пример подолгата пауза за ручек која ја земал колегата, сè до покрупни работи како себичното однесување на личноста која ги повредила нашите чувства.

На пример, може да се случи да осудуваме некоја личност за нејзиното нетолерантен и бесен однос со околината, за подоцна кога ќе дознаеме дека истата се бори со тешка болест без поддршка од ближните, нашите чувства на лутина и осудување веднаш бидат заменети со сочувство кон таа личност.

Осудување и самоосудување

Што да можеме да направиме за да бидеме помалку осудувачки настроени кон другите луѓе?

  • Не осудувајте се себе си

Ние сме инстинктивно програмирани за опстанок. Кога гледаме куче (или личност) која може да не нападне, се чувствуваме загрозено. Тогаш реагираме на една од можните реакции: борба-бегство-вкочанување и при тоа не можеме да ги видиме огромниот број можни причини за таквото однесување на другата страна. Стануваме тесногледи и дефанзивни. Ова е автоматска и нормална првична реакција. Клучот е во запирањето пред да дејствуваме според овој автоматски „режим“ на однесување.

  • Бидете широкогледи

Иако осудувањето може да се поврзе со природниот инстинкт, обидете се да го „уловите“ моментот пред да кажете нешто или пред да ја испратите пораката со горки зборови и направите можна штета. Нема да можете да ги вратите зборовите назад. Почекајте. Видете дали можете да ја разберете појдовната точка на другата личност. Обидете се да го парафразирата вашиот внатрешен критички говор во говор кој е позитивен, или барем во неутрален.

  • Деперсонализација

Кога некој не се согласува со нас или на некој начин ни го отежнува животот, запомнете дека најчесто тоа не се однесува лично на вас. Тоа повеќе е поврзано со болката или борбата на другата личност. Никогаш не ја потценувајте болката на другите луѓе. Некои подобро ја кријат од другите.

  • Барајте ја добрината која е во основа

За ова е потребно пракса, бидејќи нашите умови природно ги скенираат негативните иформации (што е инстинктивно со цел опстанок), но ако се обидеме, секогаш можеме да најдеме нешто добро кај другата личност.

Осудување и Самоосудување

  • Запомнете – и другите се како вас

Она што треба да го знаеме дека ние сме повеќе слични отколку различни. Најчесто другите луѓе го сакаат семејството исто како вас, сакаат да бидат среќни и ослободени од болка како што и вие сакате. Уште повеќе, другите луѓе прават грешки исто како што и вие правите. Повторувајќи ги овие работи се намалува дефанзивноста, а со неа се намалува и осудувањето .

  • Реформулирање

Кога некој прави нешто што вам не ви се допаѓа, размислувајте за исто како за начин на решавање на проблем кој е поинаков од вашиот начин. Или можени имаат различен распоред од вашиот. Ова можеби ќе ви помогне да бидете повеќе широкогледи и да го прифатите нивното однесување.

  • Погледнете на своето однесување

Понекогаш, ние ги осудуваме другите луѓе за нешто што се осудуваме самите себе си. Тоа значи дека некогаш го користиме осудувањето како заштитен механизам за зачувување на позитивната слика за себе. На пример, личноста која не верува во своите интелектуални способности, постојано ги критикува и осудува другите луѓе дека се глупави. Следниот пат кога ќе упатувате жестоки критики на пример, кон некој кој вози, прашајте се себе си – „Дали некогаш сум возел/а неправилно?“ Се разбира дека сите понекогаш постапуваме погрешно.

  • Едуцирајте се себе си

Кога луѓето прават работи кои се досадни, може да имаат некоја скриена попреченост. На пример, некој со слаби социјални вештини може да има Аспергеров синдром. Така што, ако некој го освојува вашиот личен простор (како на пример личност со Аспергеров синдром) не е поради вас. Алберт Анјнштајн рекол: „Секој е гениј, но ако судите на рибата по нејзината способност да се искачува на дрво, ќе го помине сиот живот верувајќи дека е глупава.“

  • Дајте и можност на личноста 

Ние не стануваме со помислата – „Денеска ќе бидам најлош/а што можам“. Повеќето од нас го правиме најдоброто што можеме со ресурсите со кои располагаме во моментот.

  • Важно е самоприфаќањето

Brene´ Brown вели:

„Ако се чувствувам добро во врска со тоа каков родител сум, немам потреба да ги осудувам другите за нивните избори, ако се чувствувам добро во своето тело, нема да се потсмевам на сметка на тежината или изгледот на другите луѓе. Ние сме остри едни кон други бидејќи се употребуваме меѓусебно како отскочна штица за согледувањето на сопствениот недостаток.“

Најпосле, осудувањето повеќе говори за оној кој осудува, отколку за оној кој е осудуван.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.