Зошто децата треба да си играат надвор?

Децата кои си играат на отворен простор, имаат посилно развиено чувство за смисла и самоисполнетост, од децата кои не си играат надвор, вели едно ново истражување.

Зошто децата треба да си играат надвор?

Во истражувањето, објавено во Journal of the Study of Religion, Nature and Culture, пронајдено е дека децата кои си играат од 5 до 10 часа неделно, имаат посилна лична поврзаност со природата (Van Wieren & Kellert, 2013).

Авторот на истражувањето, Gretel Van Wieren, вели:

Овие вредности се неверојатно значајни за развојот и добросостојбата на човекот. Бевме изненадени од резултатите. Пред да го спроведеме истражувањето, се запрашавме – дали е само мит дека децата имаат длабока поврзаност со природата? Но, она што дознавме е дека тоа е вистина на многу еден силен и суштински начин.“

Истражувањето вклучувало мала група од 10 деца, повеќето од христијанско верска припадност, кои биле испитувани како комуницираат со природниот свет преку интервјуа, дневници и опсервации.

Децата кои поминувале повеќе време надвор, се чувствувале по смирено во природа и имале посилно чувство за припаѓање во светот.

Со тоа што децата поминувале повеќе време надвор во игра, развиле поголемо чувство за вреднување на убавината. Тие подобро забележувале бои, симетрија и баланс во природата, а покажале и поголема креативност и љубопитност.

Van Wieren додава и дека:

„Модерниот начин на живеење создаде дистанца помеѓу човекот и природата и сфаќаме дека тоа не е добро од многу причини. Така што, доаѓаме до едно сериозно прашање – Како тоа ќе влијае на децата и како ќе одговориме на тоа?“

Истражувачите, исто така, низ интервјуата дознале дека децата кои поминуваат повеќе време надвор во игра, имаат родители кои го правеле истото во нивното детство. Нивните родители, изјавиле дека таквото искуство значајно го обликувало нивниот живот во возрасниот период.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.