Зошто кога сме дел од група ги забораваме своите морални убедувања?

Резултатите од едно ново невролошко истражување ни кажуваат дека кога луѓето се дел од група, се повеќе оддалечени од своите морални верувања. Во истражувањето се правело споредба на мозочното функционирање кај луѓето во услови кога се сами и кога се дел од група.

Зошто кога сме дел од група ги забораваме своите морални убедувања?

Две причини поради кои луѓето се однесуваат различно во група:

  • Се чувствуваат поанонимно
  • Мислат дека е помалку веројатно да бидат фатени во лошо однесување

Др. Mina Cikara, авторот на ова истражување, оди и еден чекор понатаму истражувајќи уште еден фактор: дали насоката на моралниот компас се менува, искривува кога личноста е дел од група.

Тоа го направиле преку задавање прашалник на испитаниците кој дава увид за нивната лична моралност. Испитаниците одговарале на прашања како „Имам украдено храна од заеднички фрижидер“, „Секогаш се извинувам откога ќе се судрам со некој“. Потоа испитаниците играле игра при што се следела нивната мозочна активност, еднаш како дел од група и еднаш сами.

Кога луѓето играле сами и виделе морална изјава во врска со себе, мозокот покажал поголема активност во префронталниот кортекс – областа поврзана со размислувања за себе. Ова е нормална појава која укажува на силна идентификација со своите морални верувања.

Спротивно на ова, кога испитаниците играле во група и видела морална изјава за себе, нивните реакции биле помалку интензивни, што укажува на послаба идентификација со своите морални убедувања и идеали.

Заборавен морал

Во следните тестирања, исто така, испитаниците покажале поголема веројатност да им наштетат на членови, припадници во друга група. Но не само тоа, тие практично заборавале и на моралните изјави кои претходно ги слушнале.

Една од авторите на истражувањето, Rebecca Saxe, професорка по когнитивна невронаука од Универзитетот MIT, вели:

„Иако луѓето покажуваат силни желби за еднаквост и морални забрани за повредување во многу контексти, нивните приоритети се менуваат кога постои ‘нас’ и ‘тие’“.

Луѓето во група, често би се вклучиле во активности кои се спротивни на личните морални  стандарди на секој поединец во групата, пренасочувајќи ги убедливо пристојните поединци во „банди“ кои се обврзуваат на вандализам, грабежи, дури и физичка бруталност.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.