Зошто луѓето во група ги перципираме како попривлечни отколку кога се сами?

Така наречениот „ефект на навивачки“ е феномен на перципирање на луѓето како попривлечни кога се во група, отколку кога се сами. Барем така генерално сметаат луѓето.

Зошто луѓето ги перципираме како попривлечни кога се во група отколку кога се сами?

Ваквото верување сега доби и научна поддршка од една студија која неодамна беше објавена во „Psychological Science“.

Во ова истражување e пронајдено дека и мажите и жените се перципираат како попривлечни кога се дел од група отколку кога се сами. Ефектот е резултат на начинот на кој гледаме на групите и она што генерално се смета за привлечен лик. Општо земено, луѓето за најпривлечни ги сметаат оние кои имаат „просечен“ лик. Кога психолозите велат „просечен“ тие мислат на просекот од лицата на многу различни луѓе. Не подразбираат луѓе кои имаат просечен изглед.

Водечкиот автор на стидијата, Drew Walker објаснува:

„Просечните лица се попривлечни, што најверојатно се должи на просекот од различните непривлечни карактеристики.“

„Ефектот на навивачки“ доаѓа од таму што кога ние гледаме во група луѓе, ги гледаме сите како дел од група, но нашиот мозок перципира просек од нивните карактеристики.

Во истражувањето, им биле прикажани лица на испитаниците и во група и сами. Оценките за привлечност биле повисоки и за мажи и за жени кога биле прикажени во група, отколку кога биле прикажани сами.

Ова води кон идејата дека вие може да се дружите со луѓе чии „помалку просечни“ карактеристики ги дополнуваат вашите.

Авторите посочуваат на идни истражувања:

„Доколку просекот е попривлечен бидејќи непривлечните карактеристики имаат тенденција да се земат во просек, тогаш лицата со комплементарни црти на лицето – едно лице со ситни очи и едно лице со крупни очи, на пример – ќе бидат перципирани како попривлечни кога ќе бидат заедно, во споредба со групи составени од поединци кои имаат повеќе слични карактеристики.“



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.