Зошто малите задоволства се позначајни од големите задоволства

Во една студија испитаниците биле масирани 3 минути. Но, дел од учесниците имале 20 секунди пауза во средината од тие 3 минути, додека останатите имале непрекината масажа. Кој уживал повеќе?

Зашто малите задовлства ги победуваат поголемите

Луѓето предвиделе дека ќе бидат тие испитаници кои имале континуирана масажа, но не биле во право. Луѓето уживале во масажата со пауза повеќе, затоа што паузата ги натерала да разберат што добиваат.

Непријател на среќата е адаптацијата. За наша несреќа ние се навикнуваме на работите и тие ни постануваат помалку задоволителни, после некое време ние ги земаме тие работи здраво за готово. Тоа е тажно, но вистинито.

Сепак, ако се обидете да правите многу мали и разновидни задоволителни работи, вие ќе добиете повеќе вкупно задоволство и ќе бидете посреќни. Ова е воглавно зашто повеќе помали задоволства победуваат едно големо.

Дупла цена, но не дупло задоволство

Малите задовослтва исто така земаат придобивки од фактот дека јадењето дупло парче торта одеднаш, не е два пати подобро. Навистина е слатко, но не е и двапати подобро. Навистина е добро да имаш едно парче торта отколку ни едно, но не два пати подобро доколку имаш и две парчиња одеднаш.

Размислете за двајца кои одат на некој спортски натпревар или концерт или претстава. Подбро е да седнат негде напред отколку да седат скроз позади во салата, но дали вреди да платат дупло за тоа? Во однос на среќата не вреди. Вие нема да уживате во настанот два пати повеќе. Многу е подобро да земете поефтини билети и да бидете во можност со заштедените пари да одите на две работи, два настани.

Ценете ги малите работи

Луѓето кои што ги ценат малите работи во животот се посреќни. Луѓето кои се финансиски побогати имаат тенденција да не ги ценат малите работи толку многу, делумно затоа што очекуваат многу повеќе од животот. Ова значи дека тие не добиваат се од тоа што значи да се биде финансиски богат.

Но, ние знаеме подобро. Така да одете во некое кафуле или до некој парк во вашата близина, или пак купете ги најлошите карти за некој настан. Ќе ви биде многу позабавно на подолг рок.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.