Зошто не треба да се плашиме да зборуваме за своето ментално здравје?

Бидејќи криењето на менталните проблеми може да ги влоши проблемите.

Бидејќи нема секој да ве осудува.

Бидејќи во ред е да ги изразите своите мисли и чувства.

Бидејќи 1 од 4 лица има проблем со менталното здравје.

Бидејќи во ред е да не се чувствувате добро.

Бидејќи зборувањето за менталното здравје е знак за голема храброст.

Бидејќи за да зборувате за менталното здравје, потребна е сила.

Бидејќи во ред  е да покажете дека се борите или дека ви треба помош.

Бидејќи нема ништо погрешно во тоа да се соочувате со проблем во менталното здравје.

Бидејќи нема од што да се срамите.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.