Зошто некои луѓе уживаат во критизирање

Општо познати се оние типови на луѓе кои едвај чекаат да најдат грешка и потоа емоционално да го исцрпат оној кој ја направил истата. Доколку се работи за познаници од нечие друштво можеме ефективно да ги одбегнуваме. Но, што доколку се работи за нашиот шеф? И тортурата е секојдневие на нашето работно место. Тогаш почнуваме подетално да размислуваме зошто нашиот шеф ужива целото работно време да го потроши во вербални напади насочени кон нас или нашиот колега?

„Од целата позитивна приказна пронаоѓа еден недостаток се концентрира на него и започнува со критизирање. Сето она што е позитивно нема да го види, туку ќе почне со осипување и редење низа навреди и преговори, и згора на сè, додека го прави тоа ужива во својата улога“ – ова е дел од разговор кој доста често можеме да го слушнеме.

Зошто некои луѓе уживаат во критизирање?

Често наидуваме на луѓе кои целото свое време го користат за да лоцираат нечија грешка, како тоа да им е некој вид на храна од која се зависни. Таквите луѓе ретко (или никогаш) не ги пофалуваат другите, дури ни членовите на нивното најблиско семејство.

За разлика од оние кои „зрачат“ со негативна енергија, постојат и оние другите кои околу себе го гледаат позитивното, па ќе пофалат некого дури и ако нема причина за тоа, бидејќи на пример виделе дека не се чувствува добро па сакаат на некој начин да го расположат.

Една од теориите зошто некои луѓе константно критизираат, ја лоцира причината далеку во детството.

Луѓето кои во текот на детството се често обвинувани, особено неправедно, не можат да поднесат грешки или да бидат виновни. Тие навлекуваат маска на апсолутно безгрешни особи. Се усмеруваат на туѓите пропусти, критизираат, триумфираат над туѓите грешки и не можат да прифатат ниту една своја грешка. Гледајќи го лошото во другите , самите на себе си изгледаат подобро, од тоа како на нив гледале нивните авторитети.

Некои луѓе сфатиле, а некои не, дека грешката е повик на учење, таа се случува на секому и сите имаме право на грешки додека на нив учиме и се усовршуваме. Секоја умешност и стручност бара учење чекор по чекор. Нема напредување со скокови, без труд и без грешки. Доколку тоа не го прифатиме, ќе имаме нереални очекувања и од себе и од другите.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.