Зошто ни е толку важна убавината?

На обидот да бидат убави, или барем поубави, луѓето трошат многу време, пари и енергија. Доволно е да прошетаме низ трговските центри и да погледнеме колкава е бројноста на козметичките препарати кои нудат нежна кожа, сјајна коса, блескава насмевка и многу друго (што најчесто не се остварува). Уште поголем е и бројот на козметичките третмани, диети за слабеење и апарати кои ќе не направат послаби.

Зошто ни е толку важна убавината?

Поголемиот дел од истражувањата покажуваат дека луѓето се склони да ја поврзуваат убавината со други позитивни особини на личноста. Така, луѓето кои се физички привлечни се доживуваат како посилни, посензибилни, поскромни, подружељубиви, подостоинствени, поинтересни и сексуално поотворени од луѓето кои се просечно привлечни. Луѓето исто така сметаат дека конвенционално попривлечните луѓе се поуспешни на работа и во бракот и дека водат посреќен и поисполнет живот од останатите, конвенционално просечно привлечни луѓе.

Од каде потекнува ваквото мислење?

Поголемиот дел од луѓето, веруваат дека не е исправно да се вреднува личноста на основа на нешто врз што таа нема контрола, како што е случајот со убавината. Поради тоа и припишуваат на поубавата личност и други позитивни особини и така го намалуваат чувството дека прават нешто што не е исправно.

Освен што на попривлечните луѓе им припишуваме и други позитивни особини, ние исто така мислиме позитивно и за лицата со кои сме поблиско поврзани. Ако маж искочи со исклучително убава жена, претпоставуваме дека мора да е посебен. Така што, една од причините зошто сакаме да се дружиме со физички привлечни луѓе е и поради тоа што со нив го подобруваме социјалниот статус. Притоа, на мажите им е поважна убавината кај жените, отколку обратно. На жените пак, еднакво важно им е економскиот статус на мажите со кои излегуваат, ако не и поважен фактор.

Луѓето исто така претпоставуваат дека атрактивните луѓе имаат ставови слични на сопствените. Нам повеќе ни се допаѓаат луѓе со слични ставови и ова може да биде една од причините зошто привлечните луѓе повеќе ни се допаѓаат.

Имајќи го предвид горе наведеното, зачудувачки е колку убавината е малку поврзана со самодовербата и чувството на среќа и задоволство. Физички привлечните луѓе се малку посреќни од конвенционално неатрактивните луѓе, но оваа разлика е многу мала. Најизразена е кај младите жени, веројатно поради тоа што се популарни не само кај спротивниот пол, туку и кај професорите и раководителите па тоа придонесува за нивната успешност.

Зошто убавината не придонесува за среќата и самодовербата онолку колку што поголемиот дел од луѓето мислат?

Првата причина е веројатно тоа што, освен кога се споредени со врвни убавици и убавци, многу малку луѓе себе се сметаат за себе си за грди и непривлечни. Од друга страна кога добиваат признание за својата работа, убавите луѓе се понекогаш сомничави и не веруваат дека тоа го заслужиле, туку сметаат дека ги фалат поради изгледот. Освен тоа, важноста на изгледот станува помала кога личноста ја запознаваме подобро. Тогаш во прв план доаѓаат особините кои немаат многу врска со изгледот.

Всушност, убавината има свои предности и добро е да се потрудиме да изгледаме подобро. Но, убавината сепак, не е толку важна за да се става на прво место по значење. Нас може да не усреќат повеќе некои други работи – па попаметно е во нив да вложиме повеќе време и енергија.

Во прилог кон темата, погледнете го следното видео каде прикажани се разликите меѓу возрасните и децата во однос на стандардите за убавина и задоволството од сопствениот исглед. Резултатите меѓу двете групи се многу различни, интересни и зачудувачки.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.