Зошто позитивното размислување може да биде штетно за вас?

Според новите истражувања, советувањето на некои луѓе да „размислуваат позитивно“ не само што не им носи добро, туку може и да им штети. Студијата истражува како позитивното и негативното размислување влијае врз мозочната активност.

Зошто позитивното размислување може да биде штетно за вас?

Во истражувањето, на 71 жена – испитанички кои страдале од повисоки нивоа на анксиозност и депресија им биле покажувани загрозувачки слики, во однос на кои требало да го свртат размислувањето на позитивен начин. За испитаниците кои биле пооптимистични, ова било полесна задача.

Jason Moser, авторот на ова истражување, ги објаснува резултатите:

„Загрижените луѓе всушност покажаа парадоксален, негативен ефект во нивната мозочна активност кога од нив беше побарано да ги намалат негативните емоции.

Ова укажува на тоа дека тие навистина имаат тешкотија да ги свртат мислите на позитивен начин кога се соочуваат со тешки ситуации и нивното негативно размислување уште повеќе се зголемува кога од нив се бара да размислуваат позитивно.“

Спротивно пак на ова, кај испитаниците кои размислувале пооптимистично, со следење на задачата да размислуваат позитивно, се намалиле невралните знаци на грижа кои ги продуцира мозокот.

Кога им се кажува на личностите кои се песимистични „да бидат позитивни“ поголема е веројатноста дека истото ќе им наштети, отколку да им помогне.

Moser додава:

„Доколку само кажеш на твојот/та пријател/ка да размислува позитивно или да не се грижи – веројатно нема да помогне.

Треба да се заземе друг пристап и можеби да се предложи да размислува за проблемот на поинаков начин и да употреби различни стратегии на справување.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.