Зошто се чувствуваме пријатно кога слушаме тажна музика?

Според една нова студија, тажната музика е убава затоа што создава интересен микс од емоции, некои негативни, некои позитивни. Во ова истражување е откриено:

„… тажната музика има перцепција како на нешто многу трагично, но вистинското искуство на испитаниците кои што ја слушале тажната музика предизвикало да се чувствуваат повеќе романтични, повеќе безгрижно и почувствувале помалку трагични емоции со почит  кон тажната музика која ја слушале.“

Истражувачите дошле до следниот заклучок преку прашување на 44 волонтери, вклучувајќи музичари и луѓе кои не се музичари, да слушаат две тажни дела и едно весело музичко дело. Секој спитаник бил замолен да користи определени од зборови за да оцени како го чувствува делото и да ја опише својата моментална емоционална состојба.“

Клучот да уживаме во тажната музика е во тоа што иако ние ги перцепираме негативните емоции, нашите емоции кои ги чувствуваме не се толку силни како и емоциите кои ги перцепираме што доаѓаат од тоа музичко дело. Можеби ова е вака затоа што:

„Емоциите што доаѓаат од музиката немаат директна опасност или штета за нас самите, отколку емоциите кои ги доживуваме во текот на животот. Така што, ние можеме да уживаме во непријатните емоции како што е на пример тагата. Ако страдаме од непријатна емоција која е предизвикана од секојдневниот живот, тажната музика може да биде од корист сè со цел да ја промени непријатната емоција.“

Сепак, ние сè уште не можеме  да го објасниме катарзичниот ефект на тажната музика или тажната уметност во глобала.

Она што можете е да пробате да експериментирате на себеси. Еве едно од делата кое било вклучено во истражувањето, тоа е дело на Глинка „La Séparation“ in F minor. Како прави да се чувствувате додека го слушате?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *