Зошто толку тешко поднесуваме критики?

За најголем дел од луѓето речиси е неподносливо примањето на критика. Малкумина се оние кои критиката ја примат смирено. За способноста да се поднесе критика, дури и кога таа е добронамерна, може да кажеме дека е универзално недофатлива.

Сите ние сакаме да се чувствувавме добро во врска со себе и кога некој за нас дава негативен суд, било кој таков или сличен сомнеж кој веќе го имаме за себе, веднаш излегува на површината. А ако бидеме навистина искрени, кој од нас нема длабоко вкоренето сомневање за својата вредност, добрина, компетенција или привлечност?

Подолу во текстот наведени се објаснувањата зошто сите ние сме толку осетливи на критикување. Значајно е да се нагласи дека ако сакаме да ја надминеме нашата силна одбранбеност на критиките, мора прво да научиме како да се само-оценуваме. Кога нашите чувства и сигурност во себе станат зацврстени, тоа што другите луѓе мислат за нас нема да биде од наша примарна важност.

Голема е веројатноста дека како деца сте биле често критикувани од луѓето кои се грижеле за вас. Родителите најчесто прават најдобро што можат за да не научат правилно да се социјализираме и да се однесуваме кон другите на начин кој нема да доведе до неодобрување или одбивање. Сепак, малкумина се оние родители кои прават „љубовна корекција“ која не резлултира со хиперсензитивност и прекумерна реакција на критика. Следствено на тоа, негативната критика која ќе ја примиме како возрасни, автоматски не поврзува со недостатоците за кои често сме биле критикувани како деца.

Зошто толку тешко поднесуваме критики?

  • Повторно, гледајќи кон минатото (каде првично сме се „сензибилизирале“ за критиките), размислете како е да бидете критикувани од некој за чие мислење сметате дека е од витално значење за вас. Може да се заклучи дека, освен ако критиката е упатена со умереност и благост (што повеќе е исклучок отколку првило), во тој момент она што најголемиот дел од нас доживеале е болно одрекување од љубовта и поддршката. А за едно дете со кревка сигурност, таквата реакција на родителот може да предизвика голема анксиозност и општо емоционално нарушување.
  • Во моментите на критицизам, особено оној кој е отфрлачки и деградирачки, хармоничната врска со оние со кои сакаме да сме сигурно поврзани и од кои зависиме, чувствуваме дека е поделена, отсечена. Негативната сензитивност на критицизмот ја градиме и со тоа што на толку многу начини ни било кажано дека сме лоши, грди или глупави. Исто така, иако ние растеме (и стануваме помудри), кога добиваме критика неизбежно ја поврзуваме со – а со тоа многу лесно може да се повикаат и – раните искуства на анксиозност, фрустрација и неуспех. Со оваа подлога и добронамерните критики ги разбираме како директен удар на нашето его. Кога ова се случува, можеме да си помогнеме со потсетување дека без разлика на критиката која сме ја добиле, таа не ја обележува целата наша личност и ние генерално сме добри. Така, ситуацијата не бара од нас да се браниме толку силно, бидејќи нашето самоприфаќење не зависи од туѓото одобрување.
  • Значајно е да се спомене и дека кога сме вербално нападнати, нашето тело реагира био-хеиски речиси идентично како кога сме физички нападнати. Сепак, и покрај ваквата ранливост, ако ние постојано си кажуваме на себе дека заканата што ја доживуваме не е ништо повеќе од „перцептивна илузија“, со време ќе можеме да спречиме да бидеме потенцијално повредени од критика.

Опишувањето на некои од причините поради кои критикувањето може толку лесно да предизвика одбранбена реакција, може да ви помогнат да одредите

  1. На што внатрешно треба да работите, така што во иднина би биле помалку ранливи за критика и
  2. Што точно би сакале да промените во соочувањето со другите, надворешно.

Станувајќи свесни дека нашата ранливост од детството може да биде една од причините за тоа зошто критиките упатени кон нас во сегашноста се толку предизвикувачки за нас, може да не мотивира да разговараме со себе на поинаков начин кога некој не критикува и обвинува. Кога ќе можеме да гледаме на критицизмот дека не е заканувачки за нас на начин како во раното детство, ќе можеме да ја задржиме нашата емоционална смиреност кога ќе се соочиме со критиката.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.