Зошто трошењето пари за другите го зголемува чувството на среќа

Ова не е радикално нова идеја која ќе ве воодушеви. Но, бидејќи е совет кој некогаш оди наспроти нашите инстикти, вреди да се спомене повторно.

Зашто трошењето пари на другите го зголемува вашето чувство на среќа

Се претпоставува дека повеќето луѓе сметаат дека ако потрошат пари на самите себе ќе бидат посреќни, отколку ако ги потрошат за некој друг. Но има докази од многу различни студии кои велат дека во просек ова не е точно:

  • На испитаниците им било дадено 20 долари со цел да ги потрошат на друга личност. На крај тие биле посреќни отколку испитаниците кои ги потрошиле парите за самите себе.
  • Луѓето кои што го трошат поголемиот дел од својот приход за други или на добротворни цели се посреќни отколку оние кои што ги трошат парите за самите себе.

Овде не е земена предвид среќата што ќе ја имаат луѓето кои ги добиваат овие пари или производи како подарок.

Социјално трошење

Но зашто? Зашто трошењето наши пари за други – социјално трошење- нè прави посреќни?

Половично е затоа што давањето пари на други не прави да се чувствуваме добро самите себе. Ни помага да промовираме поглед на самите себе како одговорни и сестрани луѓе, кое што на крај нè прави нас да се чувствуваме посреќни. Исто така делумно е затоа што трошењето пари на други ни овозможува да ја зацврстиме врската со таа личност. И луѓето со посилна социјална врска се генерално посреќни.

Така што, ако социјалното трошење нè прави да се чувствуваме добро, тогаш зашто имаме тенденција да мислиме дека личното трошење ќе нè направи посреќни?

Тоа е затоа што парите имаат чуден ефект врз нашиот мозок. Студиите покажале дека и најмалото потсетување во врска со пари има најразлични негативни ефекти. Не прави:

  • помалку веројатно да помогнеме на некој друг;
  • помалку веројатно да ги донираме некаде доброволно;
  • помалку веројатно да поминеме време со други;
  • три пати поверојатно да сакаме да работиме сами и покрај тоа што знаеме дека имаме повеќе работа.

Не значи дека парите се секогаш зло, под вистински околности може да нè мотивираат и исто така без нив модерното општество би било тешко да функционира. Но, парите очигледно имаат определени негативни психолошки ефети. Така што, борете се со тие негативни ефекти. Залажете ги. Великодушноста е добар вид на несебичноста.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.